Колевски: Треба да имаме вкупно 263 јавни обвинители, а во моментов имаме само 180

by fokus

Претседателот на Советот на јавни обвинители, Ацо Колевски во вечерашното гостување на телевизија Телма на прашањето зошто не било дозволено присуство на новинари на седница на Советот, рече дека тоа било поради малиот простор. Додаде дека во Македонија во моментов недостасуваат повеќе од 80 обвинители.

-Просторните услови не овозможуваат присуство на јавноста.  Еве сега со забраната со Ковид мерките, нашата следница седница ќе мора да се одржи онлајн. Да, јас ќе бидам среќен што повеќе новинари да ја следат. Досега немало политички притисоци. А, за жал немаме доволен број кандидати за јавни обвинители, затоа дел од обвинителските места се празни. Треба да имаме вкупно 263 јавни обвинители кои ја вршат функцијата, а во моментов имаме само 180 обвинители, рече Колевски.

Поврзани новости