На последната седница на Надзорниот одбор на Македонска банка Кирил Колемишевски е поставен за нов главен извршен директор на Македонска банка за поддршка на развојот АД Скопје, објави ТВ21.

Според информациите објавени на сајтот, одлуката била донесена на 15. мај, а истекува со денот на добивање на согласност од страна на гувернерот на Народна банка на Република Северна Македонија за именување на член на Управен одбор на банката — главен извршен директор“, пишува во одлуката.

При составувањето на Владата и делењето на ресорите, како и директорските места, ова место ДУИ го промовираше како свое, но до денеска не постави свој кадар, исто како и во Агенцијата за електронски комуникации.

Содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.