Колариќ до Заев: Зар не слушате дека 50 деца на притворените уставобранители и страдалници плачат

by Fokus 20:26
20:26

Светлана Колариќ од ВМРО-ДПМНЕ на денешниот протест пред министерството за правда, каде вмровците веќе неколку недели протестираат, според нив за неправедно притворените патриоти во Шутка упати порака до премиерот Зоран Заев, за кој кажа дека знае дека ќе го слушне.

-Чујте го крикот на овој народ и ве молам од името на сите 50 невини затвореници да се потрудете да не разберете. Секојдневно се трудите да го освоите светот, но немојте да ви се случи него да го добиете, но притоа да ја изгубите душата своја. Та нели Македонецот, Албанецот, Ромот, Бошњакот, Влавот, нели тие се вашата душа, ако не се лажам. Зарем не ги гледате Александар, Мухамед, Амдуш, Нермин, Митко, Зекир, зар не ги гледате меѓу нас. Зар не го слушате нивниот глас. Да ве потсетам, зар не гледате и зар не слушате дека 50 деца во Република Македонија плачат. 50 семејства на уставобранители и страдалници. Зар заборавивте дека на сите луѓе животот им почнува и завршува исто, но добро знаете дека содржина на истиот одредува кого ќе го паметат идните генерации како дел од светлата страна на историјата, а кој ќе биде запаметен како темна дамка во историјата – истакна Колариќ.

Поврзани новости