КОИ СУДИИ ЌЕ ОДЛУЧУВААТ: „Специјален“ кривичен совет ќе решава по жалбата за притворот на Грујевски?

by Фокус

Од судски извори неофицијално дознаваме дека во судот во тек се консултации кои судии да бидат избрани во кривичниот совет кој ќе решава по жалбата за притворот на Грујевски. Според истите информации претседателот на Основниот Суд 1 Владимир Панчевски инсистирал во советот да влезат судиите Александра Крстиќ и Ивица Стефановски.

Неофицијално дознаваме дека се вршат огромни притисоци врз основниот суд да ја преиначи одлуката за притвор и да го ослободи Грујевски, или пак во најмала рака да му биде одреден домашен притвор.

Грујоски е осомничен дека учествувал во уништување на системите за прислушување заедно со негови подредени и со ексминистерката за внатрешни работи Јанкуловска. Освен што ја злоупотребил службената положба тој фалсификувал и службени исправи за да го прикрие првичното кривично дело.

Судијата, по осумчасовно испрашување одлучи да одреди 30 дена притвор за Грујевски откако Специјалното обвинителство му отвори истрага за уништување на системите за прислушување и фалсификување исправи. Мерката е определена по трите основи- влијание врз сведоци, повторување на делото и бегство од државата.

Поврзани новости