Кои се обвинителите на Катица?

by Фокус

Најпознатото име во тимот на Каатица Јанева е обвинителката Лиле Стефанова. Таа работи во одделот против организиран криминал и корупција и затоа застапувала исклучително важни предмети во последните неколку години. Таа ги застапуваше обвиненијата во „Шпион“, „Ликвидација“„Фаланга 2“„Машинопромет“„Кражба во музејот“, а сега го има и досието „Маѓар Телеком“. Поголем дел од нејзините случаи се со политичка димензија, или барем така беа коментирани во јавноста. Дополнително, како помошник обвинител таа се појавила и во процесот „Пуч“.

Трајче Пеливанов бил обвинител во случајот против очниот хирург Дејан Ставриќ, во кој лекарот беше обвинет дека примил мито од 2000 евра. Дарко Јакимовски од скопското јавно обвинителство, за јавноста е познат како обвинител во процесот против 20-годишниот Насер Ештрефи осуден за убиството на матурантот Ангел Петковски од Ѓорче Петров. Елизабета Јосифовска од Гостивар, го водеше предметот за опожарување на Бигорскиот манастир.

Снежана Бундалевска од скопското основно обвинителство била во предметот за „Тајванските кредити“ во кој ексдиректорот на Агенцијата за обнова и развој, Васил Тупурковски, и неговиот тогашен заменик, Јован Андонов-Реган се товарат  за злоупотреба на службената положба.

Останатите обвинители од тимот на Јанева не и се толку познати на јавноста. Повеќе се познати во средините во кои живеат и работат. Од познатите и поангажираните обвинители се очекува да ги надминат притисоците со кои се соочувале до сега, да застанат зад објективна и професионална истрага.

Поврзани новости