Кои се најбезбедни држави во случај на апокалипса?

by fokus 11:56
11:56

Универзитетот Отаго во градот Данидин, Нов Зеланд, објави истражување околу тоа кои места на земјата би биле најбезбедни и со најголеми шанси за спасување и преживување во случај на катаклизма, трета светска војна и, посебно – при пандемија.

„Инфицираните можат лесно да ги минуваат копнените граници, па така – затворен остров каде има доволно залихи, би можел да прифати население кое потоа, по катастрофата, може повторно да ја насели планетата,” се вели во анализата.

- Advertisements -

Во таа смисла, малите острови се неповолни како засолништа. Според научниците, за обновување на цивилизацијата ќе биде неопходно меѓу одбраните преживеани да има и научници, технички експерти и научни специјалисти.

Според тоа, местата без копнени граници, каде што населението надминува 250.000 луѓе, се најпогодни за спас на човештвото. Во трудот, предвид се земени и политичките и социјалните услови, како и квалитетот и количеството на природните извори и климата.

Така, најбезбедни земји при евентуална апокалипса, се Австралија, Нов Зеланд и Исланд. Според новозеландските научници, овие држави најуспешно ќе се справат со катаклизма или пандемија.

Поврзани новости