370
Александар, Александра, Јован, Јована, Миахил, Михаела, Максим се меѓу најчестите имиња на новородените деца во 2017 година, според Управата за водење матични книги.
По нив следуваат и имињата Филип, Филипа, Калин и Калина. Популарни биле и имињата од турските серии: Севги, Онур, Елф, Полат, Ајшеѓул.
Статистичките податоци покажуваат дека во третиот квартал годинава во Македонија се родени 5.866 деца. Лани бројот бил околу 33.000.