Коха Диторе: Убиените Албанци во Куманово соработувале со македонската тајна полиција

by Фокус

Тројцата убиени косовски Албанци во инцидентот во Куманово и македонскиот државјанин наводно соработувале со македонската Управа за безбедност и контраразузнавање, со цел да предизвикаат инцидент, а за возврат да добијат пари, пишува приштинскиот дневен весник „Коха Диторе“, повикувајќи се на наводни докази од косовското разузнавање и полицијата.

Весникот објави дека Бег Ризај и Мирсад Ндрецај, како водачи на групата од 44 лица, планирале да го нападнат добро обезбедениот затвор во Грдовци кај Подуево, од каде сакале да ослободат двајца затвореници кои отслужуваат казни за повеќе злосторства, меѓу кои убиства.

Медиумите објавија дека на погребната церемонија на Ризај во Косово учествувале соборци облечени во забранети униформи и обележја на некогашната ОВК, а присуствувале и косовски политичари.

Поврзани новости