Кога не гасат пожари, кавадаречките пожарникари хуманитарно изработуваат визари!

by Fokus

Веќе неколку дена наназад вработените во Територијална против пожарна единица Кавадарци учествуваат во хуманитарна работа.

Тие доброволно се вклучиле да им помогнат на волонтерите од градот, па во слободното време, кога не се справуваат со пожари, даваат придонес со своја изработка на заштитни визари.

Истите потоа се донираат во сите институции каде што има потреба од нив. И покрај тоа што утринава имале интервенција и локализирале пожар којшто избувнал во куќа во Кавадарци, кавадаречките пожарникари по враќањето од терен, времето го посветуваат работејќи хуманитарно.

-Секогаш и секаде, каде и да има потреба од нас, ние сме на располагање – велат од ТППЕ.

В.К.

Поврзани новости