Кога луѓето престануваат да веруваат дека нешто ќе променат, се помируваат со судбината, вели Пендаровски

by Fokus

Годинава ни е повеќе од потребна визија за напредокот на нашата заедничка татковина, нешто што вообичаено го нудат самитите на „Македонија 2025“. Во овие непредвидливи времиња успехот на македонската економија ќе зависи не само од надворешните фактори врз кои не можеме да влијаеме, туку пред се од посветеноста на внатрешните реформи, порача претседателот Стево Пендаровски на затворањето на Самитот на невладината „Македонија 2025“ што вчера и денеска се одржуваше во Скопје.

-Кога луѓето престануваат да веруваат дека нешто може да променат тие едноставно се помируваат со судбината. Најголемата опасност не се самите кризи, туку ставот кон нив. Дилемата е дали ќе бараме решенија или по линија на помал отпор ќе се препуштиме по текот на настаните, истакна Пендаровски.

Поврзани новости