Кога ќе поевтини зејтинот?

by Фокус

Министерот за економија, Крешник Бектеши, денеска информира дека поевтинувањето на цените на маслото за јадење ќе се случи кога целосно ќе се отворат увозните коридори од Украина.

Според Бектеши, тоа зависи од светските пазари, како и од цените на сончогледот и нерафинираното масло, кои главно се увезуваат од Украина и Бугарија.

Министерот повтори дека меѓу граѓаните има погрешен впечаток дека Македонија се снабдува со материјали за производство на масло за јадење од Србија.

-Треба да бидеме солидарни. Во консултација со локалните производители овозможуваме извоз на рафинирано масло за јадење. Имаме потребната количина за производство – рече Бектеши во емисијата „10 минути“ на ТВ 21.

Поврзани новости