Кога Груевски преминуваше низ Црна Гора ние немавме сигнали дека се работи за лице вон законот, изјави Дармановиќ

by fokus

Црна Гора немаше никаква правна основа да го задржи поранешниот премиер Никола Груевски при преминувањето низ територијата на државата. За транзитот на Груевски црногорските слжби ги информирале македонските, рече министерот за надворешни работи на Црна Гора, Срѓан Дармановиќ  на заедничката прес-конференција во Скопје со неговиот домнаќин, шефот на македонската дипломатија Нкола Димитров.

-Одговорот е едноставен бидејќи нашата позиција беше едноставна. Ние немавме никаква правна основа да го задржиме македонскиот граѓанин односно поранешниот премиер во автомобилот со дипломатски таблички од една странска земја бидејќи во моментот кога тој преминуваше преку територијата на Црна Гора на нашите гранични премини немаше никакви сигнали дека станува збор за лице кое е вон законот. За сето ова ги информиравме службите за безбедност во Македонија. Нашите служби тоа го направија на начин како меѓу пријатели.Така што од страна на Црна Гора немаше никакви игри или скриени дејствија, туку постапивме онака како што налагаат нашите правила и сите закони, рече Дармановиќ на новинарско прашање.

Поврзани новости