Кодот од српскиот сертификат за вакцинација е невалиден според грчката ковид апликација

by fokus

Апликацијата на грчкото министерство за дигитална управа Covid Free GR, која служи за проверка на веродостојноста на документите за статусот на имунизација не го отчитува QR кодот од дигиталниот сертификат кој го имаат добиено сите лица вакцинирани во Србија. Со овој проблем се соочиле српски туристи на пристаништата Трипити и Уранополис на Халкидики, а новинарка од редакцијата на Нова.рс, која летува на Јонскиот брег и самата се уверила дека QR кодот не функционира.

-Од петокот, влез во ноќните клубови, локали и барови кои работат во затворен простор е дозволен, но под услов гостите да седат и пред да влезат задолжително да го покажат кодот со доказот за вакцинација. Таа вечер, апликацијата која ја користеа лицата од обезбедувањето во еден познат ноќен клуб во Парга не можеше да ги отчита нашите два дигитални сертификати. Покажуваше дека тие не се валидни, посочила новинарката.

Од српската влада посочиле дека работат на решавање на проблемот.

Вакви кодови имаат и голем број македонски граѓани кои се вакцинираа во Србија.

Поврзани новости