Кочо Андоновски до градоначалникот на Куманово: И јас не сакам да ги плаќам долговите на општините

by fokus

Бројни реакции предизвика вчерашната одлука која ја соопшти министерот за здравство, Венко Филипче, дека Фондот за здравствено осигурувње ќе ги покрива трошоците за оперативен зафат при промена на полот. Одлуката не потраја ниту 24 часа, па вечерта Министерство се пишмани и ја повлече.

Социјалните мрежи се преплавија со осуда и критики кон Министерството, не водејќи сметка за потребите на трансродовите лица. Меѓу нив беше и градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски, кој на својот фејсбук профил напиша:

„Прави со сопствениот живот што сакаш, сакај и менувај пол, лична одлука, но не на државна а уште помалку на моја сметка!
– Да се разбереме, не сум против лични слободи и права, маргинализирани групи и.т.н. ги почитувам и уважувам сите, но ова е веќе навредливо.
Во претставничката демократија законот е воља на мнозинството (ГРАЃАНИ), не лична желба на поединци!“, смета Димитриевски.

Програмскиот директор на ЛГБТИ Центарот за поддршка, Кочо Андоновски одговори на овие критики.

„Монструозна е дехуманизацијата на транс луѓето која ја направивте вчера! едвај чекавте нешто за да го изблуете отровот, омразата, себичноста и нечовечноста!

а на „навредениот“ градоначалникот само ќе му кажам дека со парите кои ние ги плативме за да се покријат долговите од недомаќинско работење на општина Куманово, 3,5 милиони евра, со зборови: ТРИ И ПОЛ МИЛИОНИ ЕВРА! ќе се покриваа операции во следните 100 години! а со парите што ги плативме за да покриеме долговите на сите општини – ќе се покриваа операции во следниот милениум!

ЈАС НЕ САКАМ ДА СЕ ПЛАЌААТ ДОЛГОВИТЕ НА ОПШТИНИТЕ СО МОИ ПАРИ, НЕ САМО ШТО Е НАВРЕДЛИВО, ТУКУ Е И КРИМИНАЛНО!“, напиша Андоновски.

Поврзани новости