Кочан вчера на суд да се пријави, а денеска да му се суди

by fokus

Бизнисменот Сеад Кочан, два дена едно по друго, се појавува на суд, како обвинет во предмет на Специјалното јавно обвинителство. Вчера Кочан се појави во Кривичниот суд да се пријави, откако му беа определени мерки на претпазливост и одземање на патната исправа. Денеска, пак, продолжува судењето по предметот „Труст“ каде е првообвинет.

Обвинети се уште две физички и три правни лица – фирмите „Трансмет“, „Силекс“ и „Вато“ ДООЕЛ, за учество на тендер на Електрани на Македонија.

Според обвинението, осомничените со фалсификувани документи местеле тендери во ЕЛЕМ во вредност од 17 милиони евра.

Предметот, според СЈО, е оформен врз основа на три прислушувани разговори, од кои два необјавени во јавноста од 3.8.2011 и 6.10.2011 година.

Поврзани новости