Коалиционите партнери во преговори: ДУИ да го подржи Шилегов во Скопје, СДСМ да нема свој кандидат во Чаир

by Fokus 12:17
12:17

На само два дена пред истекување на рокот за поднесување на листи на кандидати за градоначалници и членови на советите, во партиите се прават последните преговори и договори околу тоа со кои кандидати ќе настапат на престојните локални избори што ќе се одржат на 15 октомври, годинава.

Владејачката партија досега излезе со кандидатите за градоначалници на повеќето градови, а од опозициската ВМРО-ДПМНЕ излегоа само со неколку кандидати, со што се очекува останатите имиња на кандидатите во најголемите градови да бидат познати до 14 септември.

- Advertising -

Партиски извори тврдат дека коалиционите партнери СДСМ и ДУИ преговараат на престојните локални избори „интегративците“ да не настапуваат со свој кандидат за градоначник за Скопје и да го подржат кандидатот на СДСМ, во случајот Петре Шилегов, додека пак, „сдсмовците“ да немаат свој кандидат во скопската општина Чаир, а поддршката да ја дадат на кандидатот на ДУИ.

„Фокус“ ги контактираше и двете партии, од каде што ниту ја потврдија, но ниту ја демантираа информацијата.

Поврзани новости