Коалицијата за промени и правда вети 18.000 денари минимална плата

by fokus

Регионалниот изборен караван на Коалицијата за промени и правда денеска во Велес оствари средба со граѓаните и ја презентирше својата програма. Носителката на листата во изборната единица три, Весна Стоименовска рече дека Коалицијата предлага формирање на фонд за поддршка и вработување на млади и креативни кадри и тоа во износ од два проценти од буџетот на Република Македонија со цел да се запре иселувањето на младите.

-Нашите проекции се дека за пет години можат,со добра економска стратегија, да се отворат над 30 илјади мали и средни претпријатија со три до пет вработени. Во поглед на сиромаштијата и нискиот животен стандард Коалицијата предлага а тоа и ќе се случи, минималната плата да изнесува 300 евра односно 18 илјади денари, за тоа имаме изготвено и проект. За зголемување на минималната плата предлагаме поддршка од буџетот, средства кои што ќе се обезбедат преку силни антикорупциски мерки, кратења на непродуктивните трошоци и укинување на репрезентацијата за функционерите, рече Стоименовска.

Стоименовска посочи дека субвенциите ќе продолжат да се исплаќаат, но не како досега на концесионери криминалци или партиски војници, туку на вистинските земјоделци.

Поврзани новости