Коалиција за промени: Со 10 отсто од гласовите ќе го срушиме еднопартискиот систем

by fokus

Централниот предизборен караван на Коалицијата за Промени и Правда,предводен од Демократскиот сојуз, денеска престојуваше во повеќе населби, меѓу кои Маџир маало, во Скопје, каде се сретна со граѓаните и им ја презентираше својата програма.

-Само со поддршка од 10% од граѓаните ќе го демонтираме еднопартискиот, олигархиски и криминален систем. Таа поддршка ја имаме и гарантираме дека никогаш нема граѓаните да дозволат еден човек една партија да владее. Попусти се повиците да не се гласа за другите партии, Никола Груевски и Зоран Заев, бараат по 63 пратеници, за да не се промени ништо. Но. народот знае дека само со новата сила, Коалицијата за промени и правда, ќе има баланс и одговорна власт, изјави Павле Трајанов.

На прес конференцијата се обратија и Слободан Богоески, носител на четвртата изборна единица и Јове Кекеновски, носител на втората изборна единица.

-За помалку од еден месец, Коалицијата за Промени и Правда доживеа голем успех и прифатена е од народот како општонароден фронт, симбол на борбата на народот против режимот. Вооедно, таа е симбол и на надежта на народот за подобро утре, за промени на вредностите на кои почиваше еднопартиската власт во изминатите 25 години. Ние сакаме слободна и демократска Македонија, во која власта ќе се плаши од народот, а не како што беше до сега. Сакаме Промени и Правда за сите и перспектива за малдите како би го запреле процесот на масовно иселување од Македонија, рече Богоевски.

Поврзани новости