Јирген Клоп – нов тренер на Рома?

by Fokus

Иако најави пауза од фудбалот, легендарниот германски стратег Јирген Клоп сепак се враќа на тренерската работа – и тоа во Серија А!

Како што пренесува италијански „Ла Стампа“, поранешниот тренер на Ливерпул се договорил за соработка со Рома и од следната сезона ќе го преземе кормилото на римскиот клуб.

Да потсетиме, Клоп го напушти Ливерпул на крајот на минатата сезона по осум години минати на „Енфилд“, со најава дека ќе се повлече од тренерската работа. Не долго потоа, тој стана шеф на глобалните фудбалски операции во Ред Бул, кој поседува повеќе клубови ширум светот.

Сепак, Италијанците сега тврдат дека Германецот се предомислил.

Според информациите на овој угледен весник, Клоп ја прифатил понудата на Рома и во недела на 18 мај во 22:57 часот му дал конечно одобрение на претседателот на клубот Ден Фридкин – веднаш откако Рома го совлада Милан во дербито во Серија А.

Клоп ќе го замени легендарниот Клаудио Раниери, кој се согласи да му помогне на својот сакан клуб до крајот на сезоната и покрај неговото предвремено пензионирање. Сепак, искусниот стручњак нема да ја напушти Тригорија – ќе остане во клубот како советник, за да му помогне на Клоп да го извлече најдоброто од својот пат во новата средина и лигата.

Инаку, ова ќе биде деби на Клоп во италијанскиот фудбал, по исклучително успешните епизоди во Бундеслигата и Премиерлигата.

Наводно, на германскиот стратег веќе му биле ветени големи засилувања, а во клубот би можеле да пристигнат и неколку врвни фудбалери кои би ја направиле Рома сериозен кандидат за борбата за титулата.

Поврзани новости