Клинтон: Бајден е создаден за овој историски момент

by Фокус 23:46
23:46

Поранешната американска државна секретарка и претседателски кандидат на Демократската партија на изборите во 2016 година, Хилари Клинтон, оцени дека Џо Бајден е „создаден за овој момент на историјата“.

-Мислам дека овој момент и Бајден се создадени еден за друг. Се чувствувам лесно и благодарно што можевме да присуствуваме на трансферот на политичка моќ на мирен начин. Тоа е многу важно, затоа што само пред две недели во Капитол имаше разбојници и терористи кои се обидоа да ја запрат демократијата. Денеска моето срце е на место – рече Клинтон.

- Advertisements -

Поврзани новости