Клиника „Жан Митрев“: Срамот и нападите кои ги доживуваме нека им служат на чест на нарачателите

by Fokus

Клиника Жан Митрев преку соопштение за јавноста порача дека очекува јавен и транспарентен процес низ којшто ќе ја докажеме невиност во однос на обвинението и закажаното судење на Жан Митрев и Клиниката.

-Вистината е на наша страна, обвинението е целосно неосновано и тоа ќе го докажеме и институционално. Очекуваме брз и транспарентен процес на кој преку јасни и јавни информации, сведоштва и доказен материјал ќе се утврди вистината дека ниту еден пациент не бил измамен. Овој срам и напади кои ги доживуваме нека им служат на чест на нарачателите. Хемофилтрацијата како метод ја користевме за лекување на последици од Ковид, но не и како лек за Ковид. Бесмислени се наводите на ЈО во Обвинителниот акт.Уште еднаш потенцираме дека Клиниката и во најтешките периоди работеше според сите меѓународни стандарди, транспарентно и во согласност со утврдени и дозволени методи за лекување. Се ова е го докажеме и на суд, а сметаме дека јавноста целосно не поддржува и пред нејзе нашата правичност е јасна“, стои во соопштението од приватната клиника.

Поврзани новости