Клиника за очни болести: По петти пат мораме да ги демантираме лагите на СДСМ

by fokus 21:21
21:21

Од Клиниката за очни болести во Скопје реагираа на прес-конференцијата на СДСМ на која партијата излезе со тврдења дека на болните им биле давани погрешни инјекции.

-ЈЗУУ КЛИНИКА за очни болести Скопје петти пат во последните пет дена е присилена да демантира невистини пласирани во јавноста од страна на една мала политичка партија во опозиција. Имено, појаснуваме дека наведениот препарат се користи како анти ВГФ терапија кај заболувањата на ретина, пропратена со новоформирање на крвни садови кои ја оштетуваат ретината и видната функција на окото (за спречување на нивно формирање) – стои во реакцијата.

Од таму убедуваат дека препаратот клиника го  употребува по строги светски медицински протоколи и дека до сега не забележале негативна здравствени последици.

Поврзани новости