Клиничкиот центар ќе го градат Гранит, Бетон и спорна италијанска компанија

by Фокус

Новиот Клинички центар во Скопје во вредност од 72 милиони евра ќе го градат двете најголеми македонски градежни компании „Гранит“ и „Бетон“ во соработка со една италијанска компанија, информираше денеска на прес-конференција министерот за здравство Никола Тодоров.

– Оваа понуда е избрана како најприфатлива за доделување на договорот за изведба, а истовремено ги исполнува сите услови кои се предвидени за изградба на вакви комплексни објекти. Изборот е направен врз основа на добивање на одобрување од страна на Банката на Советот на Европа. Комисијата за секој чекор и одлука добиваше одобрение од стручен тим на Банката за развој на Советот на Европа – истакна Тодоров.

Меѓутоа, 24 вести неодамна објави дека италијанската компанија ИНСО Системи, која, заедно со двете македонски компании е носител на концорциумот со двете македонски компании што го доби тендерот, а Тодоров само попатно ја спомнува, во последните години работела со загуба, што било спротивно на условите од тендерската документација.

Поврзани новости