Климатските активисти на аеродромот во Минхен уапсени, пистата повторно во функција

by Fokus

Летовите на аеродромот во Минхен повторно се одвиваат нормално, откако активисти за климата блокираа една писта, соопштија аеродромските власти.

Како што пренесе ДПА, северната писта била бргу отворена, откако кусо беше блокирана од активисти, изјави портпаролот на аеродромот. Активистите, како и претходно, се залепиле за асфалтот. Тие се уапсени.

Со оглед на тоа што јужната писта била непрекинато во функција, немало откажувања на летови туку само мали доцнења, се вели во соопштението.

Поврзани новости