Кленк: Родителите на еден од напаѓачите во Виена се од Северна Македонија

by Fokus

Еден од терористите кои синоќа во Виена извршија напад, при што убија четворица минувачи, а ранија најмалку 15 луѓе, е Албанец кој израснал во Австрија, а неговите родители се со потекло од Македонија, пишува „Ројтерс“.

Оваа информација ја сподели главниот уредник на австрискиот неделник „Фалтер“, Флоријан Кленк.

Тој на Фејсбук напиша: „Направив истражување за терористите. Неговото име е Куртин С., роден во 2000 година. На возраст е од 20 години. Роден и израснат во Виена, а има албански корени.  Неговите родители се од Северна Македонија и не биле свесни за исламистичките погледи на синот. Момчето пак, било на радарот на властите како еден од околу 90 австриски исламисти кои сакале да заминат за Сирија. Тој во јули бил спречен да го направи тоа. Полицијата не сметала дека тој може да изврши терористички напади во Виена“, пишува Кленк.

Инаку, нападот започна синоќа во 21 часот во близина на градската синагога, иако таа била затворена во тој момент.

 

Неколку напаѓачи отворија оган со автоматско оружје на шест локации низ Виена. Австрискиот министер за внатрешни работи изјави дека станува збор за терористички напад.

Најмалку четири лица загинаа, а 15 беа повредени,а еден од  напаѓачите бил убиен од полицијата.

Сè уште не е јасно колку напаѓачи се вклучени, а најмалку еден сè уште е во бегство.

Поврзани новости