Политичкиот аналитичар Сашо Клековски вели дека атмосферата после денешното гласање е многу поразлична во споредба со претходните локални избори во 2017 година, што, според него, укажува на можен политички пресврт.
-Лицата на Оливер Спасовски и Љупчо Николовски не ми изгледаа добро за реузлтатите на СДСМ, дополнето со фејсбук најавата на Христијан Мицкоски за победа… Се разрешува некаква неизвесност – рече Клековски на Сител.
Според него, битно прашање е дали опозицијата ќе ги прифати резултатите во контекст на проблемите со апаратите за отпечатоци, но, како што рече, тоа да го направат пред да ги дознаат резултатите.
-Информациите за нерегуларности, особено пријавата за лица со оружје, ми делуваше како да се објавува со цел да се превенира такво нешто – рече Клековски.