Клековски: ДУИ ги донесе СДСМ на власт, сега ДУИ ги сруши

by Фокус

Со приговори за Желино, ДУИ инсистираше да демонстрира кој е главен фактор меѓу етничките Албанци и во земјава, што ја премина границата на трпение на Беса, вели политичкиот аналитичар Сашо Клековски по одлуката на БЕСА да ја напушти власта и да формира ново парламентарно мнозинство со опозицијата. Тој за Дојче Веле вели дека смета дека следниве денови новото парламентарно мнозинство ќе се зголемува и ќе резултира во нова Влада.

-Дали владата ќе биде времена до организација на предвремени парламентарни избори, останува да се види, но очекувам дека изборите ќе бидат во 2022 година, а сега фокусот ќе биде на справување со пандемијата, економската и енергетската криза. Секако, со новото парламентарно мнозинство пропаѓаат шпекулациите дека Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ не се подготвени да ја преземат одговорноста за водење на Македонија во исклучително тежок период за земјата – оценува Клековски.

Тој додава дека победата на ВМРО-ДПМНЕ на локалните избори и оставката на Зоран Заев беа вовед во криза на парламентарното мнозинство. И покрај изјавите за верност на парламентарното мнозинство, како што истакнува, јасно беше дека со изменет однос на политичките сили, оваа Влада и ова парламентарно мнозинство се неодржливи.

-Конечниот удар на Владата и парламентарно мнозинство и го нанесе ДУИ. За разлика од ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ кои се повлекоа од приговори на резултатите на локалните избори, ДУИ не го стори тоа во Желино, со што инсистираше да демонстрира кој е главен политички фактор меѓу етничките Албанци и во земјава. Чекор кој ја премина границата на трпение на Беса. ДУИ ги донесе на власт Зоран Заев и СДСМ, ДУИ ги сруши – вели Клековски.

Поврзани новости