Дополнителниот заменик министер за информатичко општество и администрација Александар Кирацовски денеска обвини дека владејачката партија продолжува да врши притисок врз државната администрација во предизборието.
Кицаровски на прес конференција покажа документ, во кој како што кажа, има околу 2 илјади граѓани, на кои раководители и шефови – кадри на ВМРО-ДПМНЕ, имале намера да им ѕвонат и да бараат од нив да излезат на протести и контра протести и на избори како нивни сигурни гласачи.
– Тука има конкретни имиња, презимиња, адреси, избирачки места, телефонски броеви на луѓето. Но тука ги има и податоците на оние кои ги правеле овие списоци и се обидувале да влијаат. Им порачувам на шефовите и раководителите кадри на ВМРО-ДПМНЕ, што Груевски и фамилијата ги користат за нивни лични цели. Предупредувам, законот е јасен и казните за вакво дело, уцени и притисоци во предизборен период се до 5 години затвор.Секој кој ќе се дрзне да го направи тоа, ќе одговара, рече Кирацовски.
Тој соопшти дека на веб страницата за пријавување на неправилности и нерегуларности, закани и притисоци пристигнале голем број пријави.