Кировски не го коментира ЗНМ за случајот со поранешната уредничка Емилија Лазаревска

by Владо Апостолов 10:41
10:41

timthumb (1)Новиот главен уредник и директор на „Телма“, Атанас Кировски не сака да го коментира вчерашното соопштение на Здружението на новинари на Македонија во кое новинарската асоцијација остро реагираше поради, како што велат од ЗНМ, неговата одлука да ја деградира во репортер поранешната уредничка на вестите Емилија Лазаревска.

Ристо Лазаров во јули годинава ја напушти функцијата на главен уредник и директор на „Телма“, по што на негово место дојде Кировски кој во јавноста е познат како уредник на весникот „Форум“ и долгогодишен известувач за „Би-би-си“.

Откако излезе веста за смената на челната позиција во „Телма“, Лазаревска за „Фокус“ изјави дека воопшто не била информирана за одлуката на менаџментот и коментираше дека е многу „изненадена од решението, бидејќи Кировски не работел до сега во „Телма“ и не ги знае приликите“.

- Advertising -

1532118_1378684565719831_1950643200_nЗНМ вчера побара Кировски да даде сериозно објаснување зошто колешката Лазаревска, која има богато новинарско искуство, е распоредена на работно место кое е предвидено за новинари почетници или новинари со мало искуство. Новинарското здружение смета дека оваа одлука е спротивна на Законот за работни односи и Законот за заштита од вознемирување на работно место и е крајно неколегијална.

– Несфатливо е како е можно еден менаџер кој по вокација е новинар, да ја деградира својата колешка која во изминатите 17 години успеала да даде голем придонес во изградбата на телевизијата, а особено на вестите во чие основање и развој учествувала од самиот почеток. Независните мониторинзи на работата на националните телевизии покажуваат дека „Телма“ во сите изминати изборни процеси известувала балансирано и професионално, а тоа е потврдено и во извештаите на ОБСЕ, која како организација, ја следи и работата и известувањето на медиумите за време на избори – реагираше вчера здружението на новинарите и објасни дека се обидело да посредува во овој случај, но заложбите се покажале залудни.

Поврзани новости