Кирацовски: Судската администрација одамна ме информираше дека многу судии ќе се охрабрат!

by Фокус 18:16
18:16

Вчерашните збиднувања во Кривичниот суд, каде повеќе судии преку писмо до Судскиот совет реагираа за несоодветните постапки на претседателот на судот, Владимир Панчевски, оградувајќи се од некои неговите постапки, ги предвидов пред две недели во интервју за Фокус откако ова го дознав токму одамна од вработени во судската администрација, вели дополнителниот заменик-министер за информатичко општество и администрација Александар Кирацовски.

-Пред две недели во интервју за неделникот Фокус со јавноста го споделив сознанието за трендот на охрабрување кај добар дел од судиите кои се подготвени да судат праведно и согласно закон, независно за кој станува збор. Врхушката од Власта уплашена за евентуалните судски процеси против криминалците во своите редови, „ишкајќи ја мувата на главата“, безуспешно преку провладините медиуми се обиде да ја изврти и злоупотреби мојата изјава, но само помогна информацијата да биде уште поуспешно распространета во јавноста. Вчерашните збиднувања во Кривичниот суд каде повеќе судии одважно, преку писмо до Судскиот совет, реагираа за несоодветните постапки на претседателот на истиот, оградувајќи се од некои неговите постапки само го потврдија трендот на охрабрување во судството – вели тој.

- Advertisements -

Кирацовски додава дека информациите ги добил од вработените во судската администрација кои, според него, се во постојана комуникација со судиите и од прва рака ги знаат нивните ставови по важни прашања.

-Дел од административците кои ме информираат се и членови на ВМРО-ДПМНЕ кои не се согласуваат со политиките на раководството на нивната партија. На крај би додал дека охрабрувањето на судиите, но и на граѓаните е општ тренд кој не може да се сопре. Интегритетот и совеста се посилни од политичкиот притисок на власта и лукративните понуди – нагласи заменик министерот за администрација.

В.С.

Поврзани новости