Кирацовски: Се врши притисок врз администрацијата да протестира пред ДИК

by fokus

Од повеќе институции во Република Македонија имаме информации дека на вработените во истите им се врши притисок од страна на раководителите да дојдат пред Државната Изборна Комисија и да протестираат со цел да извршат притисок врз работата и носењето на одлуки на истата, вели во соопштението дополнителниот заменик на министер за информатичко општество и администрација, Александар Кирацовски.

-Сакаме да ја информираме јавноста дека извршување на партиски и изборни активности во текот на  работното време во јавниот сектор е спротивно на член 38 од Законот за вработени во јавниот сектор, а вршењето на закана, оневозможување и спречување на утврдување или објавување на резултатите од гласањето е казниво согласно член 158 од Кривичниот законик. Ние нема да дозволиме кој било вработен во јавниот сектор да трпи притисоци и понижувања и да биде инструмент во рацете на режимските слуги во заминување!, вели Кирацовски.

Тој поднесе инцијатива за Државниот инспекторат за труд, Државниот  управен инспекторат  и Министерството за внатрешни работи за вонреден надзор на работата на следниве институции: Општина Штип, Управа за јавни приходи – Регионална дирекција Штип, РЕК Битола.

Поврзани новости