Кирацовски побара вонредна инспекција во инситуциите што регрутираат митингаши во Охрид

by fokus

Дополнителниот заменик министер за информатичко општество и администрација, Александар Кирацовски, до Државниот инспекторат за труд, поднесе иницијатива за поведување постапка за вонреден инспекциски надзор над работењето на оние државни институции кои се ставија во функција на обезбедување кворум за потребите на партискиот митинг на ВМРО – ДПМНЕ кој ќе се одржи вечерва во Охрид.

Вработените, наместо на работните места каде што треба да ги извршуваат своите работни задачи во служба на граѓаните од кои се и платени, од страна на раководните лица со притисоци и заплашувања, се ослободени од работните задачи и се упатуваат на митингот на ВМРО-ДПМНЕ во Охрид, тврди Кирацовски.

„Го повикуваме Државниот инспекторат за труд соодветно да постапи со цел еднаш засекогаш да се стави крај на злоупотребите на вработените во јавниот сектор, кој што се користи за партиско политички интереси. Сите прекршувања на законските норми каде што со  партиско и политичко дејствување се влијае врз вработените, а со тоа се попречува правото на слободно изразување на волјата на граѓаните, ќе бидат соодветно санкционирани. Слободни, фер и регуларни избори се приоритет број еден за Република Македонија и само такви избори ќе има во Македонија“, се вели во известувањето од кабинетот на дополнителниот заменик на министерот за информатичко општество и администрација Александар Кирацовски.

Поврзани новости