Кирацовски: Пендаровски води со 2,5 проценти пред Силјановска

by Фокус

Генералниот секретар на СДСМ Александар Кирацовски, кој е шеф на изборниот штаб на претседателскиот кандидат на владејачката коалиција Стево Пендаровски, изјави дека Пендаровски е во водство со 2,5 отсто по преброени гласачки ливчиња на скоро две третини од избирачките места.

-На повеќе од половина преброени гласачки места Пендаровски води со 2,5 проценти што значи сигурна победа во вториот изборен круг во фер и демократска атмосфера. Ова не се локални избори и ВМРО-ДПМНЕ бадијала се фали, ова се претседателски избори – рече Кирацовски.

Поврзани новости