Кирацовски: Никој нема право да ја бојкотира нашата иднина

by fokus

В недела на 30 септември одлучуваме за нашата и иднината на нашите деца. Имаме историска шанса да ги реализираме нашите стратешки интереси, влез во Европската унија и НАТО, истакна генералниот секретар на СДСМ Александар Кирацовски при денешната посета на Вевчани.

Потсетувајќи на придобивките со евроатланската интеграција на земјата, тој ги повика вевчанци да излезат масовно и да гласаат „за“ Европска на Македонија.

– Никој нема право да ја бојкотира нашата иднина и иднината на идните генерации. Свесен бојкот е свесно попречување на европскиот пат по кој сите ние патуваме повеќе од 25 години. Бојкотот е неодговорно опструирање и искривување на судбината на мнозинството граѓани, кои овој историски референдум го чекаа со децении. Вакво неодговорно однесување не смее и нема да се земе предвид. Затоа секој треба да излезе да гласа и со тоа да одлучи за иднината на Македонија. Одлучува само оној кој во вистинско време излегува на местото каде шо се носи одлуката само со излегување и со гласање може да се влијае на одлуката, нагласи Кирацовски.

Навраќајќи се на договорот со Грција, подвлече, дека тој е гаранција за влез на Македонија во ЕУ и НАТО, но истовремено го потврдува и нашиот македонски идентитет.

– Ние сме Mакедонци и секогаш ќе бидеме Mакедонци. Нашиот македонски идентитет и јазик, нашите граници, знаме и химна засекогаш ќе бидат признаени и заштитени од целиот свет. Со прифаќањето на договорт го расчистуваме патот до ЕУ и НАТО и го зајакнуваме македонскиот идентитет, изјави Кирацовски.

Генералниот секретар на СДСМ оцени дека кај вевчанци се гледа расположение за масовна излезност, посочувајќи дека помалите општини и руралните средини ќе добијат повеќе средства од ЕУ фондовите со цел да се усогласат условите со европските или со поголемите градови.

По средбата со граѓаните на Вевчани, Кирацовски денеска ќе има средби и со жителите на Преспа, каде ќе ги пренесе придобивките од членството на Македонија во ЕУ и НАТО и ќе ги повика преспанци да излезат в недела и да го дадат свој глас „за“ Европска Македонија.

Поврзани новости