Кирацовски му достави документи на Спасовски за злоупотреба на администрацијата

by Фокус 16:34
16:34

Дополнителниот заменик министер за информатичко општество и администрација  Александар Кирацовски, денес му предаде на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски документи добиени од вработени во администрацијата преку специјалната веб страница за злоупотреби во предизборниот период.

Од МВР соопштија дека Кирацовски истакнал оти овие документи содржат јасни индиции дека раководни кадри во институциите ја злоупотребиле службената положба за партиски цели со тоа што, според него, влијаеле врз вработени во администрацијата да присуствуваат на партиски митинзи и да го дадат својот глас за одредена партија на изборите на 11 декември.

- Advertisements -

Министерот Спасовски, пак, посочил дека МВР ќе пристапи кон проверка на индициите наведени во документите и ќе постапи согласно своите надлежности.

Поврзани новости