Кирацовски: Министерката им нареди на административците да не даваат пристап до документи

by Фокус

Министерката за информатичко општество и администрација, Марта Арсовска Томовска изврши притисок врз административните службеници, го прекрши законот за Влада во член 49, со што направи злоупотреба на службената положба и овластување и несовесно работење во службата, обвини денеска заменик-министер за информатичко општество, Александар Кирацовски.

-Министерката нема законско право да го ограничува пристапот на дополнителниот заменик министер до акти, документи и информации кои му се на располагање на министерот. Исто така, министерката нема право да креира т.н. ‘процедури и правила за увид на предмети по барање на дополнителниот заменик министер’, опишани во импровизираниот и незаконски допис до вработените. Очигледно е дека ВМРО ДПМНЕ од нешто се плаши, рече Кирацовски.

Тој ја повика министерката Арсовска да го повлече, како што рече тој, небулозниот и незаконски допис, а ги охрабри вработените во Министерството и администрацијата да не потклекнуваат на вакви незаконски дописи.

Поврзани новости