Кирацовски: Имаме нешто над 80 пратеници кои ќе ги поддржат уставните измени

by fokus

Пратеникот Александар Кирацовски од СДСМ денеска изјави дека „убедиле доволен број пратеници за бенефитите од членството во ЕУ и во НАТО“ и очекува уставните измени да бидат изгласани најдоцна до петок.

-Имам информации дека минимум 80 пратеници, впрочем и нешто над 80 пратеници, се уверија дека иднината на РМ е единствено во НАТО и ЕУ, а тоа е условено со Преспанскиот договор и уставните измени, што треба да се случат најдоцна до петок неделава – рече Кирацоски.

Денеска во 16.00 треба да започне собраниската седница на која ќе се гласа за измените во уставот.

Поврзани новости