Кирацовски: Денес имавме скандинавски избори

by Фокус

Александар Кирацовски, шеф на Изборниот штаб на СДСМ, на прес-конференција по затварањето на гласачките места рече дека се оддржале скандинавски избори кои поминале во исклучително мирна атмосфера.

-Денешните избори поминаа во исклучително мирна атмосфера. Имавме скандинавски избори кои и доликуваат на нашата земја. Им честитаме на сите граѓани кои на достоинствен и демократски начин го искористија своето право на глас. Денешниот ден помина во фер и демократска атмосфера. Изборите беа мирни, фер и регуларни – рече Кирацовски.

Тој им се заблагодари на институциите кои овозможија изборите да поминат во најдобар ред.

Поврзани новости