Утринава во скопско Волково кираџија со неколку истрели од огнено оружје го убил сопственикот на куќата во која живеел, го повредил неговиот малолетен син, пa самиот си пресудил
За целиот случај потврда стигна и од МВР.
„Денеска (24.03.2025) околу 09.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека во с. Волково, скопско, имало пукање од огнено оружје, при што неколку лица биле повредени. Полициски службеници излегле на местото и било констатирано дека Р.Ц. и М.Н. од здобиените повреди починале на местото. Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт. Со повреди се здобил и еден малолетник, кој бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување помош. Како можен сторител на настанот се посочува М.Н.. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, соопштија од МВР.