Кинескиот претседател: Спасивме десетици милиони животи за време на пандемијата

by Fokus 11:57
11:57

Кинескиот претседател Си Џинпинг денеска оцени дека Кина за време на пандемијата на корона вирусот делувала на отворен и транспарентен начин

Кинескиот претседател, исто така, кажа дека земјата презела конкретни мерки благодарение на кои се спасени десетици милиони човечки животи ширум светот.

- Advertising -

Си посочи дека Кина е прва меѓу светските економски сили што постигна економски раст за време на пандемијата, што ги одразува нејзината сила и виталност, пренесуваат британските медиуми.

За потсетување, првиот регистриран случај на корона вирус потекнуваше од кинескиот град Вухан. Од почетокот на епидемијата вирусот за осум-девет месеци веќе е проширен низ целиот свет и во моментов се заразени околу 27.000.000 лица.

Поврзани новости