Кина не прифаќа меѓународна истрага за потеклото на корона вирусот

by fokus

Пекинг не ги прифаќа повиците во Кина да се спроведе независна меѓународна истрага за потеклото на корона вирусот, изјави кинеската амбасадорка во Велика Британија Чен Вен.

Таа за Би-Би-Си истакна дека повиците да се спроведе таква истрага се политички мотивирани.
Чен рече дека таквата истрага би ги одвратила кинеските власти од борбата против пандемијата на Ковид-19.

Таа предупреди дека бројните непотврдени теории и дезинформации за појавата на корона вирусот се нешто слично на „политички вирус“, кој е поопасен од Ковид-19.

Поврзани новости