Кина не ѝ даде „виза“ на СЗО да влезе во Вухан

by Fokus

Кина го блокираше доаѓањето на тим од Светската здравствена организација што го истражува потеклото на пандемијата на коронавирусот, со тврдење дека се уште не се одобрени визите за претставниците на Организацијата.

Генералниот директор на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејесус изрази негодување и ја повикал Кина да му дозволи влез на истражувачкиот тим, пренесува „Гардијан“.

-Јас сум многу разочаран од оваа вест, со оглед на тоа што двајца членови веќе го почнаа своето патување, а другите не беа во можност да отпатуваат во последен момент. Бев во контакт со високи кинески претставници. И уште еднаш појаснив дека мисијата е приоритет на СЗО“, изјави тој.

СЗО веќе неколку месеци се обидува да испрати тим од експерти од повеќе земји во Вухан, за што разговара со кинеските власти од јули минатата година. Научниците веќе долго време посочуваат дека е од суштинско значење да се открие вистинското потекло на вирусот и неговото пренесување на луѓето.

Поврзани новости