Ким му напишал на Путин дека сака добри контакти

by fokus

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун му испратил писмо на рускиот претседател Владимир Путин во кое истакнал дека сака да одржува контакти на високо ниво со Русија, соопшти денеска советникот за надворешна политика на рускиот претседател Јуриј Ушаков.

Тој рече и дека за сега не е направен договор за можна посета на севернокорејскиот лидер на Москва.

Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков претходно месецов изјави дека Русија го поканила севернокорејскиот лидер да ја посети Русија и оти тоа би можело да се случи за време на економскиот форум во Владивосток во септември.

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лаворв минатиот месец ја посети Северна Кореја.

Поврзани новости