325
За да ја избегнат Богородица дошле на граничниот премин Меџитлија кај Битола за да влезат во Грција, но и овде ги пречекале километарски колони, пренесува ,,Независен“.
Колоната се протега до индустриската зона „Жабени“ и е потребен барем еден час за да се стигне до граничниот премин.
Има автомобили од цела Македонија, но и со регистерски таблички од Србија. Туристичките веб-страници од Србија оваа година им го препорачуваат преминот Меџитлија на тамошните граѓани за да ги избегнат гужвите на Богородица, иако се патува подолго.