Километарска колона за вакцинирање во Белград

by fokus

И денеска за вакцинација на Белградскиот саем се формираа огромни редици од повеќе илјади граѓани за да се вакцинираат со вакцината на кинескиот производител Синофарм, јави дописникот на МИА од Белград.

Меѓу нив има граѓани кои беа дојдени без покана за вакцинација и кои чекаат неколку часа.

Граѓаните чекаат во два реда, во едниот се оние што по доброволното пријавување добиле покана за вакцинација, а во другиот се оние што дошле без закажан термин.

Граѓаните изјавија дека во просек чекаат околу три часа и дека не им е битно која вакцина за коронавирус ќе ја примат.

Пунктовите за вакцинација на Белградски саем се отворени до 16 часот, а масовната вакцинација се спроведува и ширум другите градови во Србија.

Според последните податоци што ги објави РТС, повеќе од 200.000 граѓани во Србија досега ја примиле вакцината против Ковид-19.

Поврзани новости