Килограм хероин најден под задните седишта на автобус од Гостивар

by fokus

Одделот за криминалистичка полиција во содејство со Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал-Единица за недозволена трговија со дрога при Министерството за внатрешни работи и Царинската управа пресече канал за трговија на хероин.

„На 13.03.2019 на Граничен премин „Табановце“, при преглед на автобус со швајцарски регистарски ознаки, кој сообраќал на релација Гостивар – Берн, Швајцарија, под задните седишта пронајдена е кеса во која имало две пакувања со околу еден килограм хероин. Дрогата била одземена, а по извршеното вештачење било утврдено дека станува збор за хероин со тежина од 998,63 грама.

Во Полициската станица Куманово биле приведени К.П.(41) и А.Б.(38), двајцата од село Долно Количани-Скопје, скопско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот“, информираа од полицијата.

Поврзани новости