Кили пресреќен што ќе стане дедо: Љубовта им прекипува, бебето ќе биде маестрален производ!

by fokus

Актерот Кирил Поп Христов – Кили и неговата сопруга, кореографка и професорка по современ танц, Гордана Деан Поп Христова наскоро ќе го добијат своето прво внуче.

Нивната ќерка Јоана Деан Поп Христова се омажи, а нејзиниот избраник е Роздригез Сориа, бармен од Монтанита, Еквадор. Веста дека нивното девојче се мажи и наскоро ќе стигне приновата ја сподели Гордана на социјалните мрежи, која објави и фотографии од венчавката. Таа веќе подолг период живее со ќерката Јоана во Еквадор.

Заедно со Кили тие се преселија во гратчето Олон во 2014 година, но по три години Кили се врати во Скопје. Ретко дава интервјуа, а последната информација е дека престојува во Австрија. На својот Фејсбук профил и тој се огласи по повод радосниот настан.

-Ете, го доживеав и ова… Совршено сум пресреќен затоа што им ја гледам љубовта како дури и прекипува. Колку е тоа прекрасно кога сакаш! И знаеш да сакаш! Бебето ќе биде маестрален производ на тоа силно сакање – порача актерот.

Вики Клинчарова

Поврзани новости