Кили: Ме протераа од Македонија, ама не се лутам на никого

by fokus

Актерот Кирил Поп Христов повеќе од три и пол години живее во еквадорското село Манглар Алто и сега првпат по неговото отселување се врати во Македонија. За актерот, попознат како Кили за домашната јавност, нема зборови што може да ја доловат неговата енергија, топлина и убавина што ја шири од неговата душа. Неполни 10 дена откако тој се врати во земјава, „Независен“ направи разговор во неговиот дом во скопски Капиштец.

-Се чувствувам како прогонет од сопствената земја. Но, затоа сум сега овде за од тоа прогонство да извлечеме благосостојба. Ма не се лутам веќе на никого. Тие се лути сами на себе… толку многу се лути сами на себе што ако и јас им се лутам, тоа е како да ги мавне чекан од 100 килограми по глава. Мојот чекан боли и подобро да не го допирам, вели Кили.

Тој вели дека бил избркан од работа од МНТ по 25 години стаж, а претходно на тогашните директори им било забрането да го ангажираат во проекти.

Поврзани новости