Киднапирано момче: Му ставиле вреќа на глава, го претепале и потоа го фрлиле

by fokus

Дваесетгодишно момче од селото Батинци, вчера околу 22.20 часот, било киднапирано во близин на домот на неговиот дедо во селото Љубош.

Според неговиот дедо кој случајот го пријавил во полиција, откако неговиот внук излегол од куќата, на одалеченост од околу 50 метри застанало комбе, од кое излегле неколку лица и му ставиле вреќa на главата, го ставиле во возилото и заминале.

По некое време киднапираното момче се разбудило на местото викано „Ќупријан“-с.Батинци, повреден.

-Истиот пеш се упатил кон својот дом околу 23,40 часот. Од страна на неговата тетка со која живеел била повикана итна медицинска помош при што лицето било однесено во Ургентниот центар во Скопје, за потоа истиот биде препратен во Градската општа болница„ 8-ми Септември“, каде му е укажана лекарска помош и бил пуштен на домашно лекување. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа на СВР-Скопје, а за настанот бил запознат и Јавен обвинител, информираат од МВР.

Поврзани новости