Кичевски шумар го оштетил буџетот на ЈП „Македонски шуми“ за над 2 милиони денари

by Fokus

Кичевски шумар заработи кривична пријава поради несовесно работење во службата, со што направил штета на буџетот на ЈП „Македонски шуми“ од над 2 милиони денари.

„Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кичево поднесе кривична пријава против Љ.А.(46) од кичевското село Вранештица поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „несовесно работење во службата“. Тој, во периодот јули-август 2019 година, во својство на овластен шумар вработен во ШС „Лопушник“, не извршил преглед во еден шумски пододдел со цел чување од бесправна сеча, со што, на повеќе лица им овозможил нелегална сеча на 183,35 метри просторни дабови дрва, а на правното лице ЈП „Македонски шуми“ му нанел материјална штета од 2.430.225 денари“, велат од МВР.

Поврзани новости